Дома Фудбал Англија Манчестер Јунајтед се откажа од Герет Бејл

Манчестер Јунајтед се откажа од Герет Бејл

И покрај тоа што често се поврзуваше со Манчестер Јунајтед, на Олд Трафорд не го сакаат Герет Бејл.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Јунајтед долго посакуваше да го донесе велшкиот репрезентативец од Реал Мадрид, но ESPN пренесува дека Манчестер се откажал од идејата да го купи крилниот напаѓач.

Бејл во последно време не е многу среќен во Мадрид, а со доаѓањето на Зинедин Зидан се зголемија шансите да замине од клубот.

Сепак, тој дефинитивно нема да се пресели во Јунајтед, бидејќи Црвените ѓаволи одлучија дека не им е неопходен, а исто така е и скап.

Бејл е член на Реал од 2013. година и со Кралевите освои четири ЛШ, а во 224 одиграни натпревари постигна 102 гола со 63 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шпанија аплицираше за титулата со победа над Австрија

Репрезентациите на Шпанија и Австрија завршија со резултат 3:0 во Инглвуд, Калифорнија, во…