Англиските медиуми пренесуваат дека Манчестер Јунајтед се вклучил во трката за ѕвездата на Милан, Рафаел Леао.
Португалецот се етаблираше во еден од најдобрите млади фудбалери во Европа и беше избран за МВП на сезоната во Серија А.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тен Хаг сака да донесе засилување во нападот, а Леао е на врвот на листата желби.
Скаути на „црвените ѓаволи“ долго време го следат Португалецот и веруваат дека тој ќе биде новата голема ѕвезда на европскиот фудбал.
Неговиот договор со Милан е до 2024 година во кој има откупна клаузула од 150 милиони евра. „Росонерите“ во летниот преоден рок одбија понуди од 100 милиони евра бидејќи сакаат да го задржат на „Сан Сиро“.
Милан преговара со Леао за продолжување на соработката, а доколку Португалецот не стави потпис на нов договор ќе биде продаден на крајот на сезоната.