Манчестер Јунајтед спрема изненадувачки трансфер во последните денови од преодниот рок.
Јунајтед е во потрага на лев бек по повредите на Лук Шо и Тајрел Маласија, па откако пропадна обидот да го доведат Кукуреља сега имаат нова мета.
ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст
Имено, „црвените ѓаволи“ се во напредни преговори со Тотенхем за трансфер на Серхио Регулион.
Тренерот на Тотенхем дал зелено светло за трансферот, а во моментов се договараат последните детали за едногодишна позајмица со право на откуп.
Се очекува Регулион утре да го комплетира трансферот во Манчестер Јунајтед и да стави потпис на договорот.