Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед не се откажува од ѕвездата на ПСВ

Манчестер Јунајтед не се откажува од ѕвездата на ПСВ

Манчестер Јунајтед во јануари повторно ќе тргне по холандскиот крилен фудбалер Коди Гакпо, пренесуваат англиските медиуми.

Тен Хаг значително го засили нападот со доаѓањето на Антони, но не се откажува од идејата да го донесе Гакпо на „Олд Трафорд“.


Неубедливата Англија против Словачка, Шпанија против големата сензација! ↓↓↓


22-годишната ѕвезда на ПСВ одигра фантастична сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти, а Јунајтед не успеа да го донесе во летниот преоден рок.

Гакпо е еден од најголемите таленти во Холандија во овој момент. Минатата сезона постигна 16 гола и 14 асистенции, па експертите му предвидуваат блескава иднина.

После Светското првенство „црвените ѓаволи“ нема да жалаат пари да го донесат на „Олд Трафорд“ бидејќи може да игра на повеќе позиции во нападот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона потврди: Жоао Феликс и Кансело заминуваат!

Каталонскиот гигант Барселона денес официјално потврди дека се разделува со Жоао Феликс, К…