Дома Топ вести Манчестер Јунајтед и Јувентус започнаа преговори за спектакуларна трампа

Манчестер Јунајтед и Јувентус започнаа преговори за спектакуларна трампа

Италијанските медиуми пренесуваат дека Манчестер Јунајетд и Јувентус започнале преговори за рамена на двете свои ѕвезди.

Имено, „Кориере ди Торино“ пренесува дека „црвените ѓаволи“ се сериозно заинтересирани за Пауло Дибала, а како дел од договорот може да биде и Алексис Санчез.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Калчомеркато“ пишува дека Јунајтед и официјално ги започнал формалните преговори со Јувентус за трансферот на Пауло Дибала на „Олд Трафорд“.

Дибала, кој по доаѓањето на Кристиано Роналдо има се помала минутажа во Јуве, веројатно ќе си замине од Торино ова лето.

Јувентус е спремен да го продаде Аргентинецот, а англискиот клуб наводно понудил 85 милиони фунти за неговиот потпис. Меѓутоа, таа сума не ги задоволува апетитите на „бјанконерите“, кои за слободата на Дибала бараат 100 милиони фунти.

Поради тоа „црвените ѓаволи“ се спремни во понудата да го вклучат и Алексис Санчез, кој е на излезна врата од „Олд Трафорд“.

Се очекува преговорите помеѓу двата клуба да се интензивираат во наредните недели, но прашање е дали Дибала ќе сака да се пресели во клуб кој не игра во Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…