Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед и ПСЖ во битка за ѕвездата на Јувентус

Манчестер Јунајтед и ПСЖ во битка за ѕвездата на Јувентус

Крилниот фудбалер на Јувентус, Даглас Коста на крајот на сезоната најверојатно ќе ја промени средината, а француските медиуми ртврдат дека ПСЖ е сериозно заинтересиран за услугите на Бразилецот, кој го следи и Манчестер Јунајтед.

Бразилецот имаше доста проблеми оваа сезона – повреда, суспензија, сообраќајна несреќа, но и покрај тоа на крајот одигра 24 натпревари и запиша еден погодок и две асистенции.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Порано се поврзуваше и со Челзи, но Јувентус не сакаше да го продаде, а сега ситуацијата се промени, бидејќи и самиот играч сфати дека е подобро да побара клуб во кој почесто ќе игра.

Јувентус за него на Баерн плати 46 милиони евра летото 2017 година, но формата подоцна му опадна, па „бјанконерите“ се спремни да го продадат за исто толкава сума. Оваа сезона Бернардески игра во одлична форма, па минутажата на Даглас Коста додатно ќе се намалува.

ПСЖ и Манчестер Јунајтед влегуваат во трката за неговиот потпис и ќе се обидат да го донесат во летниот преоден рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…