Кристиано Роналдо доби суспензија во Манчестер Јунајтед за непрофесионалниот однос на мечот со Тотенхем, а клубот од „Олд Трафорд“ би можел да доведе негова замена веќе во јануари.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според шпанските медиуми, Манчестер Јунајтед веќе нашол замена за Португалецот. Тоа е неговиот сонародник Жоао Феликс од Атлетико Мадрид, кој ќе се обиде да го реализира трансферот во зимскиот преоден рок.




Феликс не е задоволен во Атлетико и веќе го известил својот агент Жорге Мендеш да му бара нов клуб, а тој веќе стапил во контакт со „црвените ѓаволи“.




Клубот од „Олд Трафорд“ сака во јануари да се ослободи од Роналдо и да го комплетира трансферот на Жоао Феликс.