Дома Фудбал Англија Манчестер Јунајтед го враќа Антони во тимот

Манчестер Јунајтед го враќа Антони во тимот

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Антони цели пет часа беше на сослушување во полициска станица поради обвинение за насилство.

Бразилецот во вторникот се врати во Манчестер и се стави на располагање на полициските сили поради обвинение за насилство над поранешната девојка, Габриел Кавалин. Покрај неа уште две девојки се јавија со обвиненија за Антони кој дури бранејќи се и јавно објави еден разговор со една од нив.

Финале во Лига на Шампиони: Младиот ПСЖ против искусниот Интер! ↓↓↓


Сега Манчестер Јунајтед објави соопштение со кое потврди дека фудбалерот се враќа на тренинзите, откако мораше да паузира, додека случајот се истражуваше.

„Како клуб за кој игра Антони, Манчестер Јунајтед одлучи тој да се врати на тренинзите и да биде со соиграчите. Ќе ја следиме ситуацијата и понатаму“, соопштија од клубот од „Олд Трафорд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Инсајдер откри каде Роналдо ја продолжува кариерата: Веќе има потпишано договор

Статусот на Кристијано Роналдо и неговата иднина се една од водечките теми на претстојниот…