Mинатата недела Манчестер Сити гостуваше во Белград каде што со 2:3 ја победи Црвена Звезда во рамките од шестото коло во Лигата на шампионите.
Во денешно време секој голем клуб посветува внимание на социјалните мрежи каде што објавува видеа или фотографии кои би можеле да бидат интересни. Сега „граѓаните“ објавија видео од Матео Ковачиќ како се загрева на „Рајко Митиќ“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ковачиќ при загревањето трчаше и жонглираше, а место да собира пофалби доби критики од фудбалската јавност.
„Ова го може секој што во детството играл фудбал“. „И „обичните“ луѓе го можат ова, а не некој што заработува милиони за да игра фудбал“. „Ова го може и аматер, сосема е нормално“…се само дел од коментарите оставени под видеото на страните кои ја споделија снимката.