Дома Фудбал Англија Манчестер Сити влезе во историјата на Премиер лигата

Манчестер Сити влезе во историјата на Премиер лигата

Манчестер Сити вчера на гостувањето против Хадерсфилд запиша нова победа во англиската Премиер лига.

„Граѓаните“ по пресвртот во второто полувреме славеа со 1:2, што беше доволно за да се запишат во историјата на Премиер лигата.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Имено, најелитниот ранг во англискиот фудбал не памети ваков старт на некој клуб, па Манчестер Сити стана екипата која по 13 одиграни кола во Премиер лигата има најмногу бода, дури 37.

Екипата од „синиот дел“ на Манчестер за сега има и импресивна гол разлика, 42-8, а со 12 победи и едно реми Манчестер Сити е единствениот тим кој се уште не е поразен во Премиер лигата.

Вреди да се истакне дека Манчестер Сити сега е во серија од 11 последователни победи во Премиер лигата, како и во серија од 11 гостински победи во низа во сите натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Фотографија која го обележа финалето во Лигата на Европа 📸

Вчера во финалето од Лигата на Европа Аталанта го победи Баер Леверкузен за кого ова беше …