Дома Фудбал Италија Малдини порача: Леао не е на продажба!

Малдини порача: Леао не е на продажба!

Рафаел Леао одигра одлична сезона за Милан и беше избран за МВП на сезоната во Серија А.

Младиот Португалец го привлече вниманието на многу европски гиганти, пред се Реал Мадрид, ПСЖ и Манчестер Сити кои го сакаат во своите редови.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Меѓутоа, директорот на „росонерите“, Паоло Малдини порача дека Леао не е на продажба и сигурно ќе остане на „Сан Сиро“.

„Леао е исклучително интелигентен играч и често разговарам со него. Во овој момент Милан и Леао растат заедно и немаме намера да се разделиме. Во иднина ако новито на Милан не одговара на неговото работите можат да се променат, но сега не е на продажба. Тој е нашиот „дијамант“ и може уште многу да напредува“, изјави Малдини.

Леао има договор со Милан до 2024 година и откупна клаузула од 150 милиони евра.

Малдини започнал преговори со неговиот агент Жорге Мендеш за продолжување на договорот до 2026 година и годишна плата од 6 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Зимска трансфер „бомба“: Лукман од 40 милиони евра!

Адемола Лукман не успеа да го оствари својот трансфер летоска, но може да го реализира ова…