Женската ракометна репрезентација на Македонија до 19 години го избегна последното место на Европското првенство откако денес со 31:26 ја совладавме Хрватска.
До денешниот натпревар и двете селекции имаа само порази, па затоа ова беше дуел за избегнување на дното. Македонија од почетокот покажа дека е поквалитетна и брзо поведе со 5:1. Набрзо следуваше и нова серија од 7:0 со која дојдовме до највисоките 18:7.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во продолжение дојде до опуштање во нашите редови, па Хрватките на десетина минути до крајот дојдоа до 24:20.
Сепак, до крајот одигравме колку што е потребно за да не ја испуштиме предноста. Најефикасна кај нас беше Емилијана Ризоска со девет гола, пет додаде Теодора Дукоска, а по четири Сара Стефановска и Марија Јанкуловска.