Иако во последните денови се најавуваше дека би можел да се реализира, како што стојат работите сега, нема да има ништо од трансферот на Столе Димитриевски во Реал Мадрид.
Мадритските медиуми пренесуваат дека Украинецот, Андреј Лунин донел одлука да остане во редовите на „кралевите“, па така Реал нема да бара нов голман.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претходно според она што го објави „АС“ Лунин им најавил на луѓето од клубот дека ќе замине за да има поголема минутажа, меѓутоа подоцна се премислил и ќе продолжи да му биде резерва на Тибо Куртоа.
Димитриевски беше на врвот на листата желба на Реал Мадрид заедно со Давид Сорија од Гетафе. Пред две години Димитриевски се поврзуваше и со преселба во Барселона, а тогаш тој трансфер пропадна затоа што Бразилецот Нето одлучи да не замине од Каталонија.
🚨🇺🇦 JUST IN: Andriy Lunin will NOT leave. The goalkeeper has changed his mind, he will stay and fulfill his last year of contract with Real Madrid. @diarioas pic.twitter.com/sFpKTwNpR3
— Madrid Xtra (@MadridXtra) June 27, 2023