Лука Модриќ и Дејан Ловрен беа обвинети во Хрватска за давање лажни изјави во случајот против Здравко Мамиќ, кој во претходните години се водеше во судот во Осиек.
Доколку бидат прогласени за виновни, на хрватските ѕвезди им се заканува долга затворска казна.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Општинскиот суд во Осиек денеска поднесе обвинителен акт против хрватските фудбалери Лука Модриќ и Дејан Ловрен.
Тие беа обвинети дека дале лажни изјави во случајот за извлекување пари од Динамо, за што поранешните челници на Динамо, Здравко Мамиќ, Зоран Мамиќ и Дамир Врбановиќ беа осудени на неколку години затвор.
Модриќ и Ловрен ги сменија изјавите во текот на истрагата за овој случај. За време на неговото сведочење, Модриќ не се сеќаваше многу.
„Не се сеќавам“ и „Не се сеќавам точно“, беа честите реченици на Модриќ на прашањата на судијата во случајот Мамиќ, а на новинарско прашање зошто го смени сведочењето, Модриќ кусо рече:
„Ништо не сменив“, рече тој и влезе во автомобилот.
Мислев дека се работи за поделба на пари меѓу мене и Мамиќ, а не со Динамо. Се извинувам, веројатно згрешив“, беше пораката на Лука Модриќ.
Од друга страна, Дејан Ловрен истакна дека ја сменил изјавата бидејќи не знаел што зборува во истрагата.
Ќерка ми беше оперирана тој ден. Јас сведочев шест часа и не се однесуваа добро со мене во УСКОК“, изјави Ловрен на судењето.
Доколку хрватските ѕвезди бидат прогласени за виновни во овој случај, може да завршат во затвор на неколку години. Казната за давање лажни изјави е затвор од шест месеци до пет години.