Лукас Васкез и Реал Мадрид се далеку од договор за продолжување на сораборката, пренесуваат шпанските медиуми.
Актуелниот договор на 29-годишниот фудбалер истекува на крајот на сезоната, а неговите услови не се прифатливи за Реал Мадрид.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Васкез бара договор на три години и зголемување на платата за 15%, пренесува „АС“.
Од друга страна Реал му нуди договор на три години, но со значително намалување на платата, па двете страни не се ни блиску до договор.
Шпанецот има понуди од два англиски клуба, па најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Премиер лигата.