Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку, случајно или намерно, откри дека летово ќе пристигнат големи засилувања на „Олд Трафорд“.
„Црвените ѓаволи“ после неочекуваната елиминација во ЛШ, синоќа го победија Брајтон и се пласираа во полуфиналето од ФА Купот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лукаку после натпрварот ги израдува фановите и откри дека се очекуваат големи засилувања ова лето.
„Ние сме Манчестер Јунајтед, мора да се развиваме секоја година. Знам само дека следната сезона многу големи играчи ќе дојдат во нашиот тим, тоа е сигурно. Со нетрпение очекувам екипата да се засили, како и тренерот, затоа што следната сезона сакаме да бидеме најдобри“, изјави Лукаку.
Единствена шанса за тројеф оваа сезона за „црвените ѓаволи“ е ФА Купот.
„Мора да се обидеме да дојдеме до трофеј. Не можам да верувам дека нема да бидеме доволно конкурентни, но следната сезона, сигурно ќе бидеме посилни. За дуелот со Севиља знаеме дека нешто не функционираше, затоа и оправдани беа критиките“, истакна Белгиецот.