Дома Фудбал Италија Лукаку откри шокантни информации: Во јануари 23 од 25 играчи на Интер биле болни – кашлале и имале грозница!

Лукаку откри шокантни информации: Во јануари 23 од 25 играчи на Интер биле болни – кашлале и имале грозница!

Белгискиот напаѓач на Интер, Ромелу Лукаку тврди дека во јануари скоро цел тим на Интер бил болен, но дека не биле тестирани на Ковид-19.

До, сега „Нероаѕурите“ немаат потврдено позитивен случај, иако беа во Ломбардија, епицентарот на вирусот во Италија.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Лукаку во разговор во живо на Инстаграм со Кет Керкоф, новинарка на белгиска телевизија и сопруга на напаѓачот на Наполи, Дрис Мертенс изнесе некои неверојатни информации.

„Имавме слобободна недела во декември, се вративме и верувајте 23 од 25 наши играчи беа болни. Не се шегувам. Игравме со Каљари и после 25 минути еден од нашите дефанзивци мораше да го напушти теренот. Не можеше да продолжи, беше блиску да се онесвести“, раскажа Лукаку.

Играчот за кој Лукаку зборува е Милан Скриниар, кој на 26 јануари беше заменет бидејќи почувствувал вртоглавица.

Првиот официјален случај на коронавирус во Италија беше дури на 21 февруари што значи дека во тој момент никој не бил тестиран и немало сомневање дека станува збор за некој вирус.

„Сите кашлавме и имавме грозница. Кога се загревав чувствував дека ми е повеќе топло од вообичаено. Со години претходно немав патено од грозница. После натпреварот беше планирана вечера со гостите од Пума, но им се заблагодарив и заминав дома да спијам. Не правевме тестирања и сега нема да знаеме дали сме биле заразени од корона“, додаде Белгиецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Започна големото судење на Манчестер Сити

Судењето против Манчестер Сити започна денеска, откако Премиер лигата поднесе обвинение пр…