Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку се пресели ова лето од Манчестер Јунајтед во Интер и откри која е главната причина за неговото заминување.
Лукаку како што изјави заминал затоа што бил обвинуван за се што е лошо во Јунајтед.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Зошто си заминав од Манчестер Јунајтед? Затоа што бев „грдото пајче“. Тоа значи дека бев причина за се што беше лошо“, изјави Лукаку.
Во Интер Лукаку се чуствува далеку подобро.
„Ова беше совршен момент да ја напуштам Англија. Не сакав повеќе да бидам таму. Верувам дека Интер е тим каков што ми е потребен. Тука чуствувам љубов и спремен сум да ја возвратам“, порача белгискиот напаѓач.
Оваа сезона Лукаку на два натпревари во Серија А постигна исто толку голови, а Интер заедно со Торино и Јувентус има максимални шест бодови.