Дома Топ вести Лукаку го испрати агентот во Милано, сака да се врати во Интер

Лукаку го испрати агентот во Милано, сака да се врати во Интер

Ѕвездата на Челзи, Ромелу Лукаку сака по секоја цена да го напушти клубот и ова лето да се врати во Интер, пренесуваат италијанските медиуми.

Лукаку минатото лето пристигна како големо засилување во Челзи за 115 милиони евра, но е само бледа сенка на тоа што беше во Серија А. Тој го загуби местото во стартниот тим, па дури и влезе во конфликт со тренерот Томас Тухел.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Белгиецот не е среќен на „Стенфорд Бриџ“ и сака да се врати во Интер, па веќе имал телефонски разговор со директорите на миланскиот клуб и притиска да се врати на „Џузепе Меаца“.

„Кориере дело Спорт“ пренесува дека неговиот агент и адвокат утре ќе пристигнат во Милано, ќе имаат средба со директорот на Интер и ќе му соопштат дека Лукаку е спремен да прифати значително намалување на платата за да се врати.

Сепак, проблем е што Интер единствено ќе може да го врати Лукаку само ако Челзи прифати да го пушти на едногодишна позајмица.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …