Дома Трансфер зона Луис Енрике се враќа на голема врата – Овие ТРИ града се можни дестинации!

Луис Енрике се враќа на голема врата – Овие ТРИ града се можни дестинации!

enrike

Времето за одмор и за полнење на батериите заврши која е следната станица?

Поранешниот тренер на Барселона, Луис Енрике, спремен е да ги преслуша понудата за наредната сезона, ексклузивно пренесува каталонски „Спорт“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според овој избор, Луис Енрике повторно сака да работи во фудбалот, смета дека доволно беше одмор откако во мај во ги заврши обврските во Барселона и сега е спремен да се врати на тренерската работа.

Повикувајќи се на извори блиски до клубот, Луис Енрике, поранешниот тренер на Барселона сака да биде дел од голем спортски проект и тоа му е фокусот, а не „тежината“ на договорот, односно парите.

Луис Енрике три дестинации ги одреди како понуди од соништата, а тоа се Минхен, Париз и Лондон, што значи дека во кругот се барем пет клубови.

Во Минхен и Париз се знае кој е газда и единствени опции се Баерн и ПСЖ. Во Баерн е познато дека Јуп Хејнкес ќе замине по завршувањето на сезоната, додека кога е ПСЖ во прашање се очекува Луис Енрике да добие отказ поради лошата атмосфера во клубот.

Со Лондон е поинаква работата тука три клуба се можни опции, ако се земе предвид дека Енрике сака голем проект, тогаш тука се Челзи, Тотенхем и Арсенал. Сепак, Покетино е сигурен и тешко би заминал, но на Конте му се „тресе“ столчето, додека Арсенал веќе со години се подготвува за замена на Венгер.

Во секој случај, без разлика кој клуб би бил, тренерот на Барселона веројатно ќе се врати на голема врата, а каде останува времето да покаже.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Амрабат го напушта „Олд Трафорд“, бира меѓу Милан и Јувентус

Софијан Амрабат минатото лето беше на мета на многу европски гиганти, а тој избра кариерат…