Дома Фудбал Останато Луис Енрике го „пецна“ Мбапе: Сега имаме подобар тим

Луис Енрике го „пецна“ Мбапе: Сега имаме подобар тим

Тренерот на Пари Сент Жермен, Луис Енрике, по синоќешната победата над Џирона го спореди напаѓачот Бредли Баркола со Килијан Мбапе.

Иако ПСЖ го загуби Килијан Мбапе кој замина во Реал Мадрид, Луис Енрике останува оптимист за иднината на тимот и изрази уверување дека екипата ќе биде посилна.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


„Мислам дека сме посилни од минатата сезона. Го имаме Осман Дембеле кој влезе во втората година од престојот во ПСЖ и од него навистина очекуваме многу, затоа што е неверојатен талент кој во секој момент е подготвен да ги надмудри ривалите со топката во нозете“, изјави Луис Енрике.

На прашањето дали Бредли Баркола, кој сега игра на позицијата на Килијан Мбапе, Енрике одговори:

„Многу сум задоволен од играта на сите мои играчи, кои се борат до крај. Баркола е супер. Пред две недели и вие го пофаливте. Тој не се смени. Млад е, има многу силни квалитети и сака да напредува. Се грижам само за сегашноста, минатото веќе не ме интересира“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фудбалерите на Рома против раководството поради отказот на Де Роси

Даниеле Де Роси доби отказ на почетокот на новата сезона во Рома, по што почна хаосот во к…