Дома Фудбал Англија Луд натпревар на „Олд Трафорд“: Ова е Манчестер Јунајтед каков што го знаеме! (ВИДЕО)

Луд натпревар на „Олд Трафорд“: Ова е Манчестер Јунајтед каков што го знаеме! (ВИДЕО)

Во терминот од 18:30 во Премиер лигата денес се сретнаа екипите на Манчестер Јунајтед и Њукасл – гледавме фантастичен натпревар.

На самиот почеток следеше вистински шок за сите фанови на „ѓаволите“. Њукасл во седмата минути стигнува до предност со погодокот на Кенеди, но тоа не беше се – Муто три минути подоцна зголемува на 0:2! Во тие моменти поголемиот дел од оние кои го гледааа натпреварот сигурно помислија дека тоа ќе биде крајот на Жозе Мурињо.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


По шокатниот почеток, Мурињо реагираше и на местото на Ерик Бејли во 19-тата минута го уфрли Хуан Мата.

До крајот на полувремето видовме шанси и на двете страни, но Њукасл на полувреме замина со предност од 0:2.

Во вториот дел „ѓаволите“ заиграа многу подобро, иако гостите знаеа да создадат 100% прилика.

Како што одминуваше времето Јунајтед се повеќе притискаше.

Во 70-тата минута Ентони Марсијал изнуди прекршок кој во гол со мајсторски удар го претвори Хуан Мата. Следните минути донесоа вистинска опсада кон голот на Њукасл.

За реализација чекавме шест минути и тоа после една чудесна акција во која егзекутор беше човкеот кој го изнуди прекршкот за првиот гол – Ентони Марсијал.

Само една минута подоцна, Лукаку мораше да спасува топка од гол линијата.

Тука не беше крајот на возбудувањата! Круна на фантастичното полувреме беше голот на Алексис Санчез во 90-тата минута кога веројатно најнискиот играч постигна гол за целосен пресвр и победа од 3:2.

Многу веројатн дека играта на Јунајтед во второто полувреме на овој натпревар ќе биде доволна причина Мурињо да остане на клупата.





Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Сејдини: Македонија може да има успех во Лигата на Нации, знам дека тоа го мисли и селекторот

На Редовното генерално Собрание на Фудбалската федерација (ФФМ) на Македонија, претседател…