Францускиот репрезентативец Антоан Гризман ова лето пристигна во Барселона од Атлетико Мадрид за 120 милиони евра.
Барселона долго време се обидуваше да го доведе Гризман во своите редови, а во тоа успеаа ова лето откако ја активираа неговата откупна клазула. Но, навивачите не се премногу задоволни од Гризман на почетокот бидејќи од него очекувањата беа големи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Францускиот „Ле10Спорт“ вчера објави информација која многумина изненади и не звучи баш реално. Наводно во Барселона размислуваат за тоа да се ослободат од Гризман веќе наредното лето доколку не започне да игра подобро.
Според она што го пишуваат Французите клубот е спремен да се ослободи од Гризман за да го врати Нејмар.
Звучи не реално, но тие најавуваат дека Барселона може да го вклучи Гризман во понудата за Бразилецот. Доколку пак ПСЖ не сака Гризман да биде вклучен, тогаш би можеле и да го продадат.
Ова лето Барселона се обидуваше со Дембеле, Ракитиќ или Умитити да ги убеди Французите, но тоа не им успеа.
Ваквите најави навистина не звучат реално, меѓутоа фудбалот и трансфер пазарот не навикнаа дека се е можно.