Дома Фудбал Останато „Лудата глава“ од која многу се очекуваше искрено за грешките: Бев глуп, требаше помалку да бидам идиот

„Лудата глава“ од која многу се очекуваше искрено за грешките: Бев глуп, требаше помалку да бидам идиот

Жереми Менез некогаш беше играч на Монако, Рома, ПСЖ и Милан, а денес залезот на кариерата игра во втората француска лига.

Една сезона Менез одигра во Мексико после што се врати во Франција каде што потпиша за второлигашот Париз за кој игра и денес. Менез беше еден од најголемите француски таленти на својата генерација, но не успеа да го исполни потенцијалнот кој го имаше.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сега во интервју за „Франс Фудбал“ зборуваше за причините поради кои неговата кариера не се развиваше онака како што фудбалскиот свет очекуваше.

„Често пати бев глуп. Не ми се допаѓаше она што медиумите го пишуваат за мене, но јас помогнав да не се пишува убаво за мене. Можев помалку да бидам идиот. Понекогаш бев глуп, имав глуп карактер. Мразам неправда и многу пати се случуваше да прочитам работи за мене кои не се вистина, но не им посветував многу внимание затоа што јас знаев кој сум и тоа ми беше најважно“, изјави Менез.

Менез кариерата ја започна во Сошо, потоа следеа трансфери во Монако, Рома, ПСЖ, Милан и Бордо. Потоа се проба во турски Анталиспор и стигна до Мексико и во Париз каде што е и денес.

Еден од најпознатите голови во својата кариера Менез го постигна во дресот на Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…