Дома Фудбал Англија Лоша вест за Ливерпул: Џо Гомез мора на операција!

Лоша вест за Ливерпул: Џо Гомез мора на операција!

Дефанзивецот на Ливерпул, Џо Гомез ќе мора да биде опериран за да се олесни процесот на рехабилитација од фрактурата на метаторзалната коста на ногата.

Лекарскиот тим на „црвените“ подготви рехабилитациска програма за Гомез, но заздравувањето не се одвива по планот, па 21-годишниот дефанзивец ќе мора да оди на операција.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Од клубот не одредија рок кога Гомез ќе биде целосно опоравен, но најверојатно за него оваа сезона е завршена.

„Тоа е удар како за момчето, така и за нас, бидејќи пред повредата беше во фантастична форма. Тој е многу важен играч за нас и сигурно ќе се врати уште посилен“, изјави Јирген Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Аморим сака замена за Онана: Манчестер Јунајтед тргна по „најдобриот голман во светот“

Рубен Аморим не беше импресиониран од она што го виде од Андре Онана, па тргна во потрага …