Дома Фудбал Останато Лорис со пофални зборови за Погба: Кога е спремен, тој е еден од најдобрите

Лорис со пофални зборови за Погба: Кога е спремен, тој е еден од најдобрите

Францускиот голман, Хуго Лорис имаше пофални зборови за сонародникот Пол Погба, иако тој во последно време има многу големи критики.

Некогаш најскапиот фудбалер во светот во последно време не игра во првата постава на Манчестер Јунајтед но Лорис смета дека тој се уште е еден од најдобрите во светот.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


„Можеби оваа сезона беше малку комплицирана, но често беше повреден и тоа е една од причините поради која не беше постојано на терените. Но, тој веќе докажа во Манчестер Јунајтед и во репрезентацијата на Франција дека е еден од најдобрите во светот кога е 100% спремен. Сега е и поискусен и тоа сигурно дополнително ќе му помогне“, изјави Лорис.

Потсетуваме, Погба оваа сезона во сите натпреварувања одигра 27 натпревари и постигна три гола со 10 асистенции. Поранешниот играч на Јувентус, според пишувањето на француските медиуми, би требало од клупата да го започне натпреварот против Колумбија, поради проблемите со формата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Србите бесни: Жестока провокација за Звезда уште пред почетокот на натпреварот со Милан

Милан од 21 часот на стадионот „Сан Сиро“ ќе ја дочекува Црвена Ѕвезда во шестото коло од …