Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Џулен Лопетеги, истакна дека денес неговата екипа мора на вистински начин да ја почне во Примера, и додаде дека со доведување на нови играчи не е приоритет.
Реал ја почна натпреварувачката сезона со пораз од градскиот ривал Атлетико со 2:4 во Суперкупот, а првенството во Шпанија ќе почне во недела со натпреварот против Гетафе.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Она што ме интересира е утрешниот меч. Почнува првенството и би било грешка да се зборува за други работи кои не се приоритет. Се надевам дека пред завршувањето на преодниот рок ќе можеме да оствариме победи во Примера. На тоа треба да се концентрираме бидејќи останатите работи не се во наши раце. Мораме да бидеме подготвени, бидејќи сакаме да освоиме титула“, истакна Лопетеги.
Реал ова лето го продаде на Јувентус својот најдобар играч, Кристијано Роналдо, а не донесе играч како замена. По поразот од Атлетико, медиумите и навивачите наведоа недостатоци во екипата на Реал, пред се на позицијата напаѓач и по левата страна.
Лопетеги истакна дека има голема доверба во својата екипа дека може да се бори за сите трофеи во оваа сезона.
„Нашите фудбалер фантастично работат, мислам дека имаме повеќе квалитет и талент отколку што мислат луѓето и не ми паднало на памет да се сомневам во тоа“, наведе тренерот на европскиот шампион.
Тој додаде дека клубот ќе биде активен во преодниот рок, пред се по прашањето за голман, бидејќи ги има петмина под договор.
„Нема да задржиме петмина, логично е да бидат тројца“, истакна Лопетеги.