Дома Фудбал Лопетеги: Во фудбалот не победува тој што повеќе заслужува!

Лопетеги: Во фудбалот не победува тој што повеќе заслужува!

Тренерот на Реал Мадрид, Јулиен Лопетеги не го криеше разочарувањето после поразот од Леванте на „Сантиаго Бернабеу“.

Реал е во сериозна резултатска криза и нема победа на последните пет меча, а столчето на Лопетеги е сериозно разнишано.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Останува горчлив вкус за загубените бодови. Дефинитивно заслуживме да победиме, но така е во фудбалот, понекогаш одредени околности се решавачки. Упативме 34 удари кон голот, а тие постигнаа гол со единствените два удари“, истакна Лопетеги.

„Меѓутоа во фудбалот не победува секогаш тој што заслужува повеќе. Сигурен сум дека фудбалот наскоро ќе ни го врати сето она што ние одземено“, додаде Лопетеги.

Шпанските медиуми тврдат дека Лопетеги е пред отказ и можно е да не го дочека „Ел Класико“ кое на програмата е следниот викенд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мбапе со нов коментар по инцидентот со „погрешното колено“ и докторите на Реал Мадрид

Фудбалската ѕвезда на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, ги демантираше шпекулациите поврзани со …