Дома Топ вести Лопатеги пушти солзи на промоцијата: По смртта на мојата мајка, вчера беше најтажниот ден во мојот живот

Лопатеги пушти солзи на промоцијата: По смртта на мојата мајка, вчера беше најтажниот ден во мојот живот

Lopategi

Сега веќе поранешниот селектор на Шпанија и нов стратег на европскиот шампион Реал Мадрид, вечерва ја имаше својата презентација во Мадрид.

Лопатеги заработи отказ на селекторското место на „Црвената Фурија“ откако беше објавено дека постигнал договор со Реал Мадрид да го налседи Французинот Зинедин Зидан.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во прв момент Лопатеги требаше да пристигне во Мадрид по завршувањето на Мундијалот, но со оглед на тоа дека беше отпуштен, презентацијата беше закажана за денес.

„Ова е ден во кој треба да бидете возбудени и морам да признаам дека сум. Сакам да искажам благодарност до првиот човек на клубот, Флорентино Перез кој ми ја пружи оваа шанса. Знам што значи да се биде тренер на еден од најголемите клубови во светот и ќе дадам се од себе за да не ја разочарам огромната армија навивачи“.

Лопатеги потоа со солзи во очите порача дека вчерашниот ден бил еден од најтажните во неговиот живот, после денот во кој починала неговата мајка.

„Вчерашниот ден веројатно беше втор најтажен во мојот живот, по оној во кој ја загубив мојата мајка. Сепак, денес од друга страна еден од моите најсреќни денови веќе го чуствуваме семејството наречено Реал Мадрид“, изјави помеѓу другото новиот стратег на „кралевите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…