Дома Фудбал Останато „Ловрен и Модриќ не заслужуваат посебен третман“

„Ловрен и Модриќ не заслужуваат посебен третман“

Обвинителството во Осиjек поднесе обвиненија против Дејан Ловрен и Лука Модриќ, а сега се огласи и националната федерација.

ХНС застана зад двајцата трофејни фудбалери, кои се обвинети дека лажно сведочеле на судењето на Здравко Мамиќ, меѓутоа и додаде дека тие не треба да имаат посебен третман.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„Хрватскиот фудбалски сојуз целосно ја почитува независноста на правосудните органи и очекуваме тие да бидат подеднакво фер во постапувањето кон сите граѓани на Република Хрватска, без разлика на нивното име и презиме.

Како освојувачи на сребрените и бронзените медали на Светските првенства на ФИФА, играчите и лидерите на тимот што го прославија хрватскиот фудбал и земјата, Лука Модриќ и Дејан Ловрен не заслужуваат посебен третман од хрватското правосудство. Но, тие заслужуваат фер и еднаков однос и правна сигурност.

Поради тоа, Хрватскиот фудбалски сојуз им дава целосна поддршка на Лука Модриќ и Дејан Ловрен и ќе стоиме на располагање да им помогнеме на двајцата легендарни играчи во текот на процесот“, стои во соопштението.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Во Италија ќе има и трет преоден рок

Во Италија од наредната година би можел да биде воведен и трет преоден рок. Причина за ово…