Дома Фудбал Англија Ловрен го напушта Енфилд и заминува далеку од Англија

Ловрен го напушта Енфилд и заминува далеку од Англија

Хрватскиот фудбалски репрезентативец Дејан Ловрен е пред заминување од Енфилд.

Иако со Ливерпул има договор до летото 2021. година, медиумите на Островот се убедени дека Ловрен ова лето ќе ја промени средината и веројатно кариерата ќе ја продолжи во Русија.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Откако се пишуваше дека за Ловрен е заинтересирана Рома, сега во игра се вклучува и Зенит, кој бара партнер во одбраната на Бранислав Ивановиќ.

Русите веќе стапиле во контакт со представници на Ливерпул и се распрашуваат за евентуален трансфер, а останува да видиме дали на крајот ќе дојде до договор.

Ловрен во Ливерпул пристигна во 2014. година од Саутемптон, а со Црвените ја освои Лига на шампиони и Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Фудбалер со неверојатна животна приказна: Сега има 33 години, а неговата ќерка веќе има 21 година

Животната приказна на колумбискиот фудбалер Едвин Кардона е една од оние кои оставаат без …