Дома Фудбал Англија ЛИСТА „ЗА МАЛКУ“: Откриени непознати детали Ливерпул, бил блиску до Роналдо, Џон Тери, Кантона, Ширер, Шмајхел, Бејл….

ЛИСТА „ЗА МАЛКУ“: Откриени непознати детали Ливерпул, бил блиску до Роналдо, Џон Тери, Кантона, Ширер, Шмајхел, Бејл….

Не е готово додека договорот не се потпише и шалот не се подигне. Дури и кога мислите дека трансферот е договорен – не е! Такви приказни за некој играч кој скоро и да бил договорен па не потпишал има во секој клуб, но изгледа никаде нема повеќе од Ливерпул.

На страна последните неколку сезони во кои под водство на Јирген Клоп конечно „црвените“ направија тим достоен на традицијата, способен да игра убав фудбал, освојува трофеи, купува играчи од светска класа…Не беше секогаш така на „Енифлд“. Листата на оние „за малку не потпиша“ е прилично долга во овој клуб.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На оваа листа се многу великани од последните две, три децении. Во авторски текст на порталот „Тhe Atletic“ на нив се потсети Џејмс Пирс, еден од најредовните хроничари за случувањата на „Енфилд“, 14 години помина работејќи во локалниот „Ливерпул Ехо“. Неодамна пронајде ново разботно место и во разговор со своите извори (некои сакаа да останат анонимни), претстави список од играчи на кои трансферите во Ливерпул им пропаднаа во последен момент.

Ни повеќе, ни помалку Ливерпул имал шанса да го доведе Герет Бејл. Само што не „загризал“ доволно. Во текот на сезоната 2005/2006 клубот испратил скаути да го гледаат младинскиот натпревар помеѓу екипите на Саутемптон и Болтон. Задачата била „снимање“ на Дејвид Мекголдрик, тогаш играч на Саутемптон, денес првотимец на Шефилд Јунајтед. Место него вниманието им го привлекол играчот покрај аут линијата.

„Левиот бек извонреден тој ден. Отидовме повторно да ги гледаме и се согласивме дека Мекголдрик не е за нас, но дека има еден 16 годишник по име Герет Бејл кој треба да го доведеме. Во тоа време никој не зборуваше за Бејл. Дури ниту во Саутемптон не беа убедени дека може да игра во првиот тим. Тие само му ги покриваа трошоците за школарина“, објасни за „The Athletic“ извор од „Енфилд“.

Превземени биле и одредени чекори. Ливерпул предложил размена на играчи. Нивната идеја била извесен Дарен Потер да оди на „Сент Мери“, а за возврат да го добијат Велшанецот. Саутемптон барал и одредена сума на пари во зделката, Ливерпул не се согласил.

„Одговорот на предлогот на Саутемптон беше: Безобразно однесување! Потер веќе се позиционираше како професионалец, а Бејл уште мора да учи“, додаваат од „Енфилд“.

Сега Потер игра за Тренмер. Герет Бејл зад своето име има четири трофеи шампион на Европа со Реал Мадрид.

Одиме понатаму. Познатото лето 2003 година засекогаш ја промени историјата на фудбалот бидејќи Кристиано таа година потпиша за Манчестер Јунајтед. Неколку недели претходно можел да заврши во Ливерпул. Сведочи Фил Томпсон, помошник на Жерар Улие, тогаш тренер на Ливерпул. Двајцата добиле повик од менаџерот на Роналдо, Жорж Мендеш да го гледаат во Лисабон. Тогаш Мендеш беше решен да го продаде, па бараше купувач. Кога делегацијата од Островот дојде во Португалија имала што да види.

„Роналдо на сите ни се допадна од првиот момент. Тоm Хенри, поранешниот играч за врска на Манчестер Сити, работеше за менаџерот Пол Стретфорд, а овој од колегата од Португалија, Жорж Мендеш доби задача да го зголеми интересот на англиските клубови за својот клиент. Мендеш правеше се за Роналдо да го извлече од Спортинг и бевме повикани да го гледаме во жив“, се потсети Фил Томпсон.

Не се добива таква прилика секој ден. Ливерпул го почуствувал талентот, но тогаш беа некои други времиња, ниту блиски до денешните кога „црвените“ се во ситуација да платат 85 милиони евра за Ван Дајк или 64 милиони евра за голман (Алисон)…

„Ни беше кажано дека Спортинг бара оштета од четири милиони евра, но дека може да се плати во четири рати, така би плаќале секоја сезона по милион. Кога на ред дојде платата на играчот, ни кажаа дека бараат милион фунти годишно без данок. За нас тоа беше премногу бидејќи Роналдо имаше само 18 лета. Ни возвратија дека може да преговараме на таа тема“.

„Се вратив во Ливерпул ја пренесов информацијата на тренерот, а Улие ми вети дека ќе разговара со извршниот директор Рик Пери. После само седум дена на „Скај Спорт“ го видов следното: Манчестер Јунајтед го доведе Кристиано Роналдо за 12.2 милиони фунти. Не можев да верувам. Не ми беше јасно како сумата на оштета порасна три пати во период од само неколку дена“, се сеќава Томпсон.

Јасно е дека Манчестер Јунајтед ја искористил неодлучноста на Ливерпул, а Сер Алекс Фергусон после пријателскот натпревар, исто така во Лисабон беше под притисок од искусните играчи да го купи Роналдо.

Истиот човек сведочеше за пропадната шанса од Њукасл Ливерпул да го доведе Алан Ширер, еден од најдобрите напаѓачи во Премиер лигата на сите времиња. Летото 2003, било напнато во канцелариите на „Сент Џејмс Парк“ бидејќи Ширер влегуваше во последната година од договорот.

„Жерар Улиe кажа дека можеме да го довеме. Му возвратив дека немаме шанси, додаде дека Алан само ќе го искористи нашиот интерес за подобри услови во Њукасл. Улие беше одлучен, ме убедуваше дека може да дојде“.

„Го известивме Њукасл дека ќе започнеме преговори со Ширер доколку тие не се договорат. Во рок од 24 часа Алан доби подобра понуда и остана во Њукасл. Подоцна се правдаше дека не не искористил, меѓутоа тоа беше една од ретките ситуации во кои ја бев во право“, смета Томпсон.

Изгледа дека летото 2003 година било катастрофално лошо за Улие и Ливерпул затоаш то покрај Роналдо и Ширер, останале и без Џон Тери со тоа што тогаш младиот стопер на Челзи сакале да го доведат на почетокот од преодниот рок.

„Челзи имаше финансиски проблеми. Тери не потпиша нов договор. Улие ме праша за него и јас се согласив. Не беше некој играч со високо темпо, но за млад стопер одлично ја читаше играте и се гледаше дека може да израсне во голем дефанзивец. Во последното коло игравме токму против Челзи, Жерар го праша Тери дали би дошол и одговорот беше позитивен. Наредните денови го испрати, Алекс Мирер, директорот на скаут службата да ги договори личните услови со агентот на Тери, меѓутоа „сините“ многу брзо потоа ги купи Абрамович, па Тери и Лампард добија нови, богати договори“.

Тука се потсетува и дека истото лето Челзи ја активираше откупната клазула и за 17 милиони фунти го доведе Демијан Даф од Блекбурн кој беше во плановите на Ливерпул.

Колку што Жерар Ули немаше среќа, толку Рафаел Бенитез не наиде на разбирање на одговорните. Летото 2006 година тој го договори Дани Алвес за осум милиони евра од Севиља, но кога тоа било пренесено на управниот одбор да се одобри трансакцијата му било кажано дека нема доволно пари и дека мора да избере дали ќе купи десен бек или нов напаѓач.

Бенитез морал да бира, па се реши за Дирк Кајт и погоди, затоа што Холанѓанеџот редовно тресеше мрежи, но остана впечатокот дека пропушти да ја реши позицијата десен бек за наредната деценија. Алвес две години подоцна премина во Барселона.

„Додека Бенитез беше во клубот често се случуваше да немаме пари или да не реагираме доволно брзо на пазарот. Први на памет ми паѓаат Симао Самброса и Флоран Малуда. Во еден момент бевме и фаворити да го купиме Немања Видиќ, но се појави Јунајтед со повеќе пари и целата приказна пропадна“, објаснува неименуван извор од Ливерпул.

Ливерпул беше шампион во 2005 година, после незаборавното финале со Милан во Инстанбул, но не беше спремен на еден играч да потроши многу пари. И повторно тука беше Бенитез, не успеа да го убеди раководството на издвојат пари за момче од Аргентина по име Серхио Кун Агуеро.

Кога Ливерпул ја освои Лигата на шампионите Агуеро имаше само 17 години.

„Го следевме, имаше се! Се зборуваше дека ќе биде следниот голем играч на Аргентина. Неговите движења, допири и завршница беа брилијантни“, раскажал еден од членовите на стручниот штаб на Бенитез кој сакал да остане анонимен.

Индепендиенте од Ливерпул барал сума во износ од 16 милиони фунти.

„Тоа во тоа време претставуваше проблем. Во прашање беа пари проектирани за цел летен преоден рок. Не можевме да потрошиме толку на еден играч. Кун тогаш беше момче кое немаше веднаш да игра во првиот тим. Нас ни требаше засилување веднаш“.

Атлетико го доведе за 21.7 милиони евра. И оправда се што вложи во него. Баш како и Манчестер Сити.

За крај три легенди на Манчестер Јунајтед – Ерик Кантона, Теди Шерингам и Петер Шмајхел, имаа можност да заиграат во дресот на „црвените“.

„После натпреварот со Оксер, ноември 1991, Мишел Платини ми кажа дека има напаѓач за мене. Кажа дека е проблематично момче, но дека е страше ннапаѓач. Се вика Кантона. Само одмавнав со раката и му кажав дека не ни треба уште еден проблематичен играч. Веќе се обидувам да се ослободам од поединци“, раскажа Грејем Санс, во тоа време тренер во Ливерпул.

Истиот човек одби на препорака на главниот скаут Рон Џетс да го доведе Шмајхел.

„Се обидувам да ја олеснам работата на Брус Гробелар, да го растеретам, но сметав дека за тоа не ми е потребен голман почетник“, објасни Санс, а авторот на текстот потсети дека Ливерпул наредното лето го доведе Дејвид Џејмс.

После Санс на клупата седна Рој Еванс. Една од неговите први идеи била да го доведе Теди Шерингам од Тотенхем.

„Сметав дека може многу да ни помогне. Имавме млад тим, потребно беше икуство. Теди ќе ни помогнеше и надвор од теренот. За жал управниот одбор не го прифати моето мислење затоа што Шерингам имаше скоро 30 години. Сакаа помлад напаѓач. Штета“, откри Еванс.

Каква листа, какви играчи! Навивачите на Ливерпул сигурно воздивнуваат од кого се тоа испуштиле…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…