Дома Фудбал Англија Лингард бил на проба и во Ливерпул, но ова е причината поради која не сакал да остане таму

Лингард бил на проба и во Ливерпул, но ова е причината поради која не сакал да остане таму

Џеси Лингард оваа сезона избори минутажа во Манчестер Јунајтед, а Жозе Мурињо не крие дека е задоволен од игрите на овој англиски фудбалер.

Од Лингард се очекува на лето да биде стандарден член во репрезентацијата на Англија на Светското првенство особено по многу солидните игри оваа сезона во дрсот на Манчестер Јунајтед. Меѓутоа, малкумина знаат дека Лингард пред неколку години би можел да заврши во Ливерпул.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Имено, Лингард прво бил на проба во Манчестер Јунајтед, а неколку дена подоцна отишол во Ливерпул. Меѓутоа, по само една акција на тренингот на „Црвените“ сфатил дека овој клуб не е за него и дека повеќе му се допаѓа академијата на Јунајтед.

„Бев на тренингот на Ливерпул и во првата акција еден играч не ми ја додаде топката иако бев како дух. Отидов кај мојот дедо и му кажав дека сакам да си одам во Манчестер Јунајтед. Ви се колнам дека тоа е причината поради што не останав во Ливерпул. Се чувствував поудобно во Јунајтед и знаев дека тоа е вистинскиот избор, а дедо ми беше мојата поддршка. И денеска ми испраќа пораки пред натпреварите и знам дека секогаш можам да сметам на него“, изјави Лингард.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Навивачите подготвиле специјална кореографија, Пеп им порача: Донесете ја сметката, јас ќе платам

Во последно време во јавноста се шпекулира дека актуелната сезона може да биде последна за…