Јувентус спрема реконструкција на средниот ред и ќе ја отвори вратата на некои фудбалери од тимот.
Италијанските медиуми пренесуваат дека „жртва“ може да биде Винстон Мекени кој ќе биде ставен на трансфер пазарот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Со враќањето на Погба на терените, Мекени ќе добива уште помала минутажа, па Алегри дал зелено светло за негова продажба.
Најсилен интерес за Американецот покажува Лидс, кој веќе почнал преговори со „старата дама“.
Јувентус за неговата слобода бара 20 милиони евра, а премиерлигашот наводно е спремен да ја плати таа сума.
#Transfermarkt | Contacts between @LUFC and @juventusfc for #McKenniehttps://t.co/JxWQEzYBWp
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) January 24, 2023