Дома Трансфер зона Ливерпул ќе се засилува со дефанзивец од 60 милиони евра?

Ливерпул ќе се засилува со дефанзивец од 60 милиони евра?

Тимот на Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало Инаси.

Бројни тимови го следат португалскиот фудбалер кој во последно време игра одлично во Спортинг. Иако игра како стопер, Инаси има одличен пас игра и продорност и знае да биде опасен и пред противничкиот гол, па така израснува во комплетен стопер.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Во неговиот договор има откупна клазула која изнесува 60 милиони евра. Ливерпул наводно веќе води преговори со Спортинг околу трансферот.

На „црвените“ им е потребно засилување во одбраната по повредата на Матип, Клоп во срцето на одбраната остана само со Ван Дајк и Ибрахим Конате. Тука е и Џарел Куанас од академијата на кого сепак Клоп не може да се потпре во борбата за титулата.

Инасио на 23 натстапи сезонава постигна и три гола што секако е добар учинок за еден дефанзивец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

ПСЖ се засили со руски репрезентативец!

Голманот на Краснодар и руската фудбалска репрезентација Матвеј Сафонов пристигна во Париз…