Дома Фудбал Англија Ливерпул ќе им враќа пари на фановите поради празните трибини

Ливерпул ќе им враќа пари на фановите поради празните трибини

Ливерпул е последниот клуб од англиското првенство кој одлучи да им враќа пари на фановите за остатокот од домашните натпревари од сезоната.

„Црвените“ решија да им ги рефундираат парите на тие кои имаа сезонски билети откако Федерацијата одлучи дека сезоната ќе се доигра без присуство на публика.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Ливерпул игра историска сезона и се наоѓа пред освојување на титулата во Премиер лигата после цели 30 години. На тимот на Клоп потребни му се уште две победи, а најавите се дека сезоната ќе продолжи во јуни.

„Сите фанови кои купиле билети за престојните четири домашни натпревари, ќе им бидат вратени парите назад“, објавија од Ливерпул.

До овој момент 12 од 20 клубови во Премиер лигата одлучија да им ги вратат парите на фановите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барселона како да е проколната, поради сцената од тренингот на Флик му падна „мрак на очи“

Утре Барселона ја очекува незгодно гостување во Виго кај Селта во натпревар од 12. коло на…