Сопствениците на Ливерпул се спремни да го одврзат ќесето во зимскиот преоден рок за засилување на тимот.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
„Црвените“ имаат многу проблеми во играта и резултатите од почетокот на сезоната во Премиер лигата. Поради тоа сопствениците се спремни да му дадат солиден буџет на Клоп за засилувања.




Клоп ја има целосната доверба на клубот и покрај слабите резултати, па ќе му биде дадена слобода да направуи селекција кога се засилувањата во прашање.




Приоритет е секако засилување на средниот ред, но Клоп сака да доведе врвен играч за врска, кој ќе биде носител на играта во следните години.
Во моментов силно се шпекулира дека тоа може да биде Јури Тилеманс од Лестер, на кого на крајот на сезоната му истекува договорот со Лисиците.