Ливерпул веќе постави цена за Садио Мане и почна да бара замена за Сенегалецот, пренсуваат медиумите на Островот.




Мане влезе во последната година од договорот и неговата желба е да ја промени средината ова лето, а Ливерпул за неговата слобода бара 50 милиони евра.




До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
„Црвените“ веќе почнаа да бараат замена, а на листата се Жоао Педро од Ватфорд и Мартин Терие од Рен.




Напаѓачот на Ватфорд има договор до 2025 година, а оваа сезона запиша 29 настапи на кои постигна 4 гола и 1 асистенција.




Првата желба е напаѓачот на Рен, Терие кој имаше одлична сезона. 25-годишниот напаѓач постигна 21 гол и 7 асистенции во француското првенство оваа сезона.
Терие може да игра и како крилен и како централен напаѓач, па поради тоа е најголема желба на Клоп.
Liverpool are interested in Rennes's Martin Terrier as a replacement for Sadio Mané.
— Anfield Football (@AnfieldFootball) June 1, 2022
[Daily Mirror] pic.twitter.com/sELgof3ZoQ