Играчот на Лидс, Рафиња ќе биде примарна цел на Ливерпул во летниот преоден рок, пренесува „Франс Фубдал“.
24-годишното десно крило Рафиња ја игра првата сезона во Лидс и веднаш го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Тој пристигна во Премиер лигата од Рен, а Лидс за неговиот потпис плати 20 милиони евра.
Бразилецот од почетокот на сезоната има постигнато 4 гола и 4 асистенции на 16 меча за Лидс.
Клоп сака да ги засили крилните позиции и смета дека Рафиња би бил идеално засилување за неговиот тим.