Дома Топ вести Ливерпул спремен да ги продаде Салах и Мане за да го доведе Мбапе

Ливерпул спремен да ги продаде Салах и Мане за да го доведе Мбапе

Пари Сент Жермен со сите сили се труди да го задржи Килијан Мбапе уште две години на „Паркот на принцовите“, но се поизвесно е дека ќе се пресели во Реал Мадрид. 

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сепак, еминентниот „Екип“ тврди дека Ливерпул е спремен да се приклучи во трката за потписот на Мбапе.

„Црвените“ сакаат да му парираат на Сити за трансферот на Халанд и да го донесат Французинот на „Енфилд“.

Ливерпул е подготвен ова лето да ги продаде Садио Мане во Баерн Минхен и Мохамед Салах во ПСЖ за да обезбеди пари за трансферот на Килијан Мбапе, тврди „Екип“.

Ова во моментов делува малку реално бидејќи Мбапе преферира преселба во Мадрид, а медиумите тврдат дека веќе има договор со Реал.

Во секој случај англиските медиуми се сигурни дека раководството на Ливерпул му ветило на Клоп дека ќе донесе една голема ѕвезда ова лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…