Шпанските медиуми пренесуваат дека Ливерпул е силно заинтересиран за 17-годишниот талент на Барселона, Гави и сака да го донесе на „Енфилд“.
Актуелниот договор на Гави истекува во јуни 2023 година, а во него има откупна клаузула од „само“ 50 милиони евра.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Гави блесна оваа сезона и со своите настапи ја импресионираше цела Европа, па на 17 години веќе е стандарден член на шпанската репрезентација.
Поради тоа Барселона веќе започна преговори за продлжување на соработката, но преговорите не одат во добра насока.
Пред да биде потпишан договорот, Ливерпул ќе се обиде да го „украде“ Гави и да ја плати откупната клаузула.
Меѓутоа, конечната одлука сепак ќе ја има самиот фудбалер, а се чини дека тој преферира да остане на „Камп Ноу“.