Дома Трансфер зона Ливерпул на чекор од големо засилување: Сензацијата од Франција пристигнува на „Енфилд“

Ливерпул на чекор од големо засилување: Сензацијата од Франција пристигнува на „Енфилд“

Еминентниот француски весник „Екип“ тврди дека Ливерпул е на чекор од големо засилување вредно 70 милиони фунти.

Добро упатениот извор тврди дека договорот помеѓу Ливерпул и Лил за трансфер на напаѓачот Николас Пепе е многу близу и дека наскоро се ќе биде завршено.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


„Црвените“ за африканскиот напаѓач ќе одвојат дури 70 милиони фунти и би требало да биде втор најскап трансфер во историјата на клубот.

Пепе минатата сезона на 38 натпревари во Лига 1 постигна дури 22 гола и 11 асистенции, па го привлече вниманието на многу еврпски гигант.

Меѓутоа, Ливерпул успеа да ја победи конкуренцијата, па Клоп ќе добие одлична алтернатива за Салах и Мане во нападот за следната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…