Дома Фудбал Англија Ливерпул на дресовите ќе ја носи најскапата реклама во светот!

Ливерпул на дресовите ќе ја носи најскапата реклама во светот!

Како што стојат работите ќе продолжи спонзорството кое донесе фантастични денови во Ливерпул.

Кога Ливерпул го замени својот долгогодишен спонзор, компанијата за пиво „Карлсберг“, во 2010 година со британската банка „Стандард“. дел од навивачите беа разочарани бидејќи данската компанија и нејзиното лого како да беа составен дел и дресот на „црвените“ тешко можеше да се замисли без натписот „Карлсберг“.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во годините што следеа, соработката помеѓу Ливерпул и „Стандард“ прерасна во една од најплодните во историјата на фудбалот, на голема радост на навивачите на „црвените“.

Британската банка веќе 12 години е на дресот на клубот од „Енфилд“, а Ливерпул од ова спонзорство добива 46.000.000 евра годишно, што секако е одлична сума. Сепак, договорот на „црвените“ со банката истекува следната година, а поради одличните резултати на клубот од „Енфилд“ сумата може двојно да се зголеми.

Така Ливерпул би заработувал огромни 90.000.000 евра по сезона! На овој начин „Црвените“ на својот дрес би ја носеле најскапата реклама на светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Уникатен светски рекорд на Родри – една година без пораз!

Шпанскиот стратег, Пеп Гвардиола го истакна Родри како најдобар фудбалер на Манчестер Сити…