Ливерпул е спремен на лето да се раздели со својата голема ѕвезда, Роберто Фирмињо, пренесуваат медиумите на Островот.




30-годишниот Бразилец има договор на уште 14-месеци со Ливерпул и клубот нема намера да му понуди нов, туку ќе го стави на трансфер листа на лето.




Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Од почетокот на сезоната Фирмињо имаше неколку повреди и го загуби местото во стартниот тим и до овој момент има постигнато седум гола.




Со оглед на падот на неговата форма и краткиот договор со Ливерпул, „црвените“ сметаат дека сега е вистинско време за продажба и му поставиле цена од 20 милиони фунти.




Англиските медиуми пренесуваат дека Клоп веќе нашол замена за Бразилецот и го сака Џонатан Дејвид од Лил, чија цена во моментов изнесува околу 50 милиони евра.