Дома Топ вести Ливерпул и Милан ја сакаат ѕвездата на Фламенго

Ливерпул и Милан ја сакаат ѕвездата на Фламенго

Ливерпул е силно заинтересиран за играчот за врска на Фламенго, Жоао Гомес, пренесуваат англиските медиуми.

„Црвените“ имаат потреба од засилување на средниот ред, особено поради фактот што Клоп не е задоволен од Артур, па ќе се обидат да го донесат 21-годишниот талент во јануари.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Гомес од 2020 година е во првиот тим на Фламенго и во последно време игра фантастично, па дури го истисна Видал од стартниот тим.

Тој има договор со Фламенго до 2025 година, но неколку европски гиганти покажуваат сериозен интерес. Милан исто така ја следи ситуацијата и е спремен да испрати понуда.

Ливерпул сака да ја победи конкуренцијата и веќе стапил во контакт со неговиот агент. „Црвените“ сакаат да го доведат во јануари, а неговата цена во моментов е околу 15 милиони евра.

Коментари
  • Реал Мадрид купува уште еден Бразилец

    Реал Мадрид е силно заинтересиран за играчот за врска на Фламенго, Жоао Гомес, пренесуваат…
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал спремен да го продаде Жесус

Арсенал ова лето е спремен да слушне понуди за бразилскиот напаѓач Габриел Жесус, пренесув…