Ливерпул испрати официјална понуда за ѕвездата на Бефика, Дарвин Нуњес и сега чека одговор од португалскиот клуб.
Нуњес се етаблираше во еден од најдобрите млади напаѓачи во светот, а засилување во нападот стана приоритет за Ливерпул после заминувањето на Ориги и барањето за трансфер на Мане.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ливерпул веќе започнал преговори со Бенфика и за напаѓачот понуди 80 милиони евра плус 20 милиони во форма на бонуси.
Трансферот е пред реализација, а ова ќе биде наскап трансфер во историјата на клубот од „Енфилд“.
Нуњес има понуди од Манчестер Јунајтед и Атлетико Мадрид, но тој преферира да ја продолжи кариерата во Ливерпул.
❗️@SLBenfica já recebeu a proposta do @LFC por Darwin Núñez.
— Pedro Sepúlveda (@pedromsepulveda) June 8, 2022
💰Negócio de 100 milhões de euros: 80 milhões fixos + 20 milhões em objetivos.
✍🏼 @Darwinn99 vai assinar um contrato de 5 anos com o Liverpool. pic.twitter.com/29XhxPG5Jp