Дома Трансфер зона Ливерпул започна преговори за Ријад Марез

Ливерпул започна преговори за Ријад Марез

Раководството на Ливерпул започна преговори со Лестер за евентуален трансфер на крилниот напаѓач Ријад Марез, пренесуваат англиските медиуми.

Алжирецот е еден од кандидатите за наследник на Кутињо чии што трансфер во Барселона е само прашање на време. „Екип“ пренесува дека „црвените“ оствариле контакт со Лестер во петокот, па сега се чека одговор од „лисиците“.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Во текот на летото Марез поднесе молба за трансфер и беше на чекор од трансфер во Рома, но на крајот сепак остана во Лестер. Тоа не се одрази на неговата форма и оваа сезона повторно игра одлично.

Менаџерот на „црвените“ Јирген Клоп смета дека тој би бил идеална замена за Кутињо, бидејќи веќе ја познава Премиер лигата и нема да има потреба од период на адаптација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…