Дома Фудбал Англија Ливерпул го понижи Јунајтед, пукна „петарда“ на Олд Трафорд🎥

Ливерпул го понижи Јунајтед, пукна „петарда“ на Олд Трафорд🎥

Манчестер Јунајтед го доживеа еден од најболните порази во поновата историја и тоа од најголемиот ривал Ливерпул (0:5).

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Одбраната на Манчестер Јунајтед направи неколку аматерски грешки, па „црвените“ ги казнија и лесно стигнаа до предност од 2:0 уште после 15 минути игра.

Кеита уште во 5-та минута погоди за 1:0, а неколку минути подоцна Жота зголеми на 2:0, после уште една грешка на одбраната на Јунајтед.

Во последните пет минути од полувремето Салах постигна два гола и најави дебакл на Манчестер Јунајтед. На самиот старт на вториот дел Египќанецот го комплетираше хет-трикот и погоди за 5:0.

„Црвените ѓаволи“ во 60-та минута останаа со играч помалку кога Погба доби црвен картон поради грубиот старт над Кеита.

После овој срамен пораз на Јунајтед се засилија шпекулациите за отказ на Оле Гунер Солекјер, а и навивачите од тренерот да си замине.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул го финализира трансферот на францускиот талент, кој го договори уште зимата

Ливерпул официјално го привлече централниот бек на Рен Жереми Жаке за сума од 60 милиони ф…