Дома Трансфер зона Ливерпул го менува Германецот за Германец – Пристигнува играчот кој е мета на Барса и Баерн

Ливерпул го менува Германецот за Германец – Пристигнува играчот кој е мета на Барса и Баерн

Ливерпул е се поблиску до доведување на Леон Горецка.

Наводно Јирген Клоп го убедил својот сонародник дека за разлика од Барселона во Ливерпул ќе има голема минутажа, што за германскиот репрезентативец би бил клучот за време на пролетта.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Многу клубови се заинтересирани за фудбалерот на Шалке, неговиот клуб сака да земе некои пари пред летото кога му истекува договорот и продажбата во Ливерпул би можела да биде решение. Од другата страна, тоа би значело дека Ливерпул ќе го продаде другиот Германец, Емре Чан во Јувентус.

Тој веќе има договор со Јувентус за лето, Ливерпул бараше десет милиони за да го пушти шест месеци пред истекување на договорот, Јуве понуди половина, за Чан да стигне порано во клубот. Сега неговата судбина е поврзана со Горецка, поточно овие два трансфери би можеле да бидат поврзани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…