Дома Трансфер зона Ливерпул го купува „новиот Ван Дајк“

Ливерпул го купува „новиот Ван Дајк“

Англиските медиуми пренесуваат дека Ливерпул е блиску до првото засилување ова лето.

Станува збор за талентираниот дефанзивец на Цволе, Сеп ван дер Берг, кој на „Енфилд“ ќе пристигне во трансфер вреден 4 милиони евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Холанѓанецот се уште нема 18 години, оваа сезона одигра 15 меча за првиот тим и во Холандија веќе го доби епитетот „новиот Ван Дајк“.

Експертите му предвидуваат блескава кариера, а покрај Ливерпул за него силен интерес покажаа уште Ајакс и Баерн Минхен.

Ливерпул во него гледа идеално засилување за во иднина и успеа да ја победи конкуренцијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…